Маркез со стил ја заврши сезоната, триумфираше и во Валенсија

13

Марк Маркез, за многумина најголемиот на сите времиња во Мото ГП шампионатот, продолжува да реди победи оваа сезона.

Шпанскиот возач иако уште пред неколку трки ја обезбеди својата нова шампионска титула не застана со одличните настапи и во стил на голем шампион ја заврши оваа сезона. На патеката во Валенсија, Маркез повторно беше недостижен за конкуренцијата и по 12-ти пат сезонава се искачи највисоко на пиедесталот.

Со време од 41:21.469 минути, зад себе го остави Фабио Квартараро, кој заостана една секунда, додека третото место му припадна на Џон Милер со задоцнување од 2,4 секунди.

Довициозо и Ринс завршија на четвртото и петтото место, а легендарниот Валентино Роси се пласираше на осмата позиција.