Маск го нарече Бајден „здодевна марионета“

18

Тајкунот од Тесла, Илон Маск, во четвртокот го нарече Џо Бајден „здодевна марионета во човечка форма“, во реакција на средбата на американскиот претседател со претседателката на Џенерал моторс, Мери Бара. Во видеото што во средата вечер беше објавено на официјалниот твитер-профил на Бајден, претседателот ја пофали инвестицијата на ГМ во производството на електрични возила како удар за климатските промени.

Реагирајќи на пораката, Маск тврди дека производството на електрични возила во САД „почнува со T / завршува со A / ЕСЛ во средината“. Тој потоа го навреди претседателот, дополнувајќи го својот твит со емотикон на „чорапи“, како порака дека е здодевен.

Маск, исто така, тврдеше дека Бајден „ја третира американската јавност како будали“, одговарајќи му на друг корисник на Твитер, кој тврдеше дека Бајден „се обидува да поништи една голема американска компанија и лажно да ја претстави историјата на електричните возила“ поддржувајќи ги ГМ и Форд.

Аматерски проверувачи на факти го поддржаа Маск, објавувајќи податоци што покажуваат дека моделите ипсилон и 3 на Тесла се убедливо најпродаваните електрични возила во САД – и двете домашни.

Болт на ГМ се најде на далечното четврто место во 2021 година, а мустанг мах-е се најде на третото место, според Кар&драјвер.

Во видеото со Бара, Бајден напиша дека „компаниите како ГМ и Форд градат повеќе електрични возила тука дома од кога било досега“, додека Бара најави инвестиција од 7 милијарди долари во Мичиген заедно со фабрика за батерии што треба да се отвори во САД.

Барем некои од електричните возила на Форд се произведуваат во Мексико, а не во САД. Минатата година, синдикатот Обединети автомобилски работници рече дека Форд „ја стави корпоративната алчност и уште повеќе потенцијални профити пред американските работни места“ со план да изгради нов електричен модел во Мексико, наместо во Охајо.