Масовно насукување на китови во Австралија: загинаа најмалку 90, се стравува дека има повеќе (ВИДЕО)

27

На брегот на австралискиот остров Тасманија се насукаа 270 китови, од кои најмалку третина загинале.

Насукувањето на китовите било откриено во понеделникот, а спасувачите стравуваат дека има уште умрени китови.

Морски биолози се обидуваат да ги спасат преостанатите китови во деликатна операција, која веројатно ќе трае со денови.

Не се знае зошто китовите се насукале на брегот. Последен пат китови масовно се насукаа на Тасманија во 2009 година, пишува Би-би-си.