Матурантите завршија со бојкотот, од Собранието побараа законско решение за нивните барања

26

МОН и натаму тапка во место во врска со нашите барања испратени до нив, тие уште не се исполнети, вели за „Слободен печат“ лидерот на средношколците Бленди Ходаи. Тој вчера ја демантираше министерката за образование Мила Царовска, истакнувајќи дека поголемиот дел од матурантите, сепак, го поддржуваат бојкотот.

И покрај ова, Ходаи вели дека бојкотот завршува денеска, а од утре ќе се донесе одлука за понатамошните чекори.

– Денеска завршуваме со бојкотот, а од утре ќе одлучиме што ќе правиме. Вчера доставивме писмо до Собранието со нашите барања – вели Ходаи.

Во писмото до пратениците, Сојузот на средношколците бара поддршка, односно изготвување на законско решение кое ќе ги вклучи нивните барања за полагање на два наместо четири предмети од државната матура за учебната 2020/21 година.