Мафијашко убиство во Албанија, крвна одмазда или пресметка на нарко банди

15

Првичните сознанија, според дел од медиумте, наведуваат на фактот дека мотив за синоќешниот атентат е крвна одмазда, но не се ислучува и пресметка меѓу нарко криминални групи.

Приморскиот град Валона, Албанија, синоќа, кусо по полноќ повторно го вознемири убиство од мафијашки тип, пренесува Топ чанел.

Пред вратата на неговиот дом убиен е Шкелзен Велај (42), кон кого напаѓачите рафално испукале најмалку 30 куршуми, од кои 15 завршиле во неговото тело.

„Настанот се случил во населбата 24 Мај, а Велај бил застрелан со калашников на влезот од неговот дом, на петтиот кат од зграда. На враќање кон домот Велај забележал дека е следен од сомнителен автомобил, по што излегол од неговото возило и со трчање се упатил во зградата, но убијците го стигнале токму пред влезната врата на станот“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека автомобилот „БМВ“ без регистарски таблички, во кое биле убијците полицијата го пронашла запален во близина на селото Рисил. По сторителите се трага.

Убиството се поврзува со таканареченот „маскар во Чола“, од 7 април 2015 година, кога во казино беа убенини три лца, меѓу нив и братот на сега убиениот Велај.

Полицијата тогаш уапсила три лица, по што едно од нив е осудено на доживотен затвор, а двајца со казна затвор од по 35 години.

По овој настан регистрирани биле уште неколку убиства, поврзани со него.

Првичните сознанија, според дел од медиумте, наведуваат на фактот дека мотив за синоќешниот атентат е крвна одмазда, но не се ислучува и пресметка меѓу нарко криминални групи.