Махомс МВП, Канзас после 50 години го освои „Супербол“! (ВИДЕО)

5

Блескаше квотербекот Патрик Махомс и потврди дека е еден од најдобрите играчи на лигата, а воедно го доби и признанието за најкорисен играч.

Канзас сити чифси се новите шампиони во НФЛ лигата. Тие во 54. Супербол, најголемиот натпревар на американскиот континент, го совладаа Сан Франциско фортинајнерс после голем пресврт, со резултат 31:20.

Големиот спектакл во Мајами започна со најава на играчите која ја приреди познатиот актер Двен „Стен“ Џонсон, химната на САД ја изведе Деми Ловато, а на полувремето традиционално беше терминот за музичко-сценски настап. Оваа година таа чест за првпат во историјата им припадна на Џенифер Лопез и Шакира.

Чифси дојдоа до голем успех после 50 години и по четврти пат во историјата се шампиони на Националната фудбалска лига.

Тренерот Енди Рид ги предводи своите играчи до титулата и така по вторпат во кариерата дојде до ова признание, прво во овој бек. Претходно беше во стручниот штаб на Грин Беј пекерс од 1997 година.

Екипата во црвено на стадионот „Хард Рок“ беше многу блиску да биде поразена, бидејќи имаа голема негатива од 20:10.

Но, потоа на сцена стапи квотербекот Патрик Махомс и потврди дека е еден од најдобрите играчи на лигата, а подоцна го доби и признанието за најкорисен играч на Супербол.

Махомс мечот го заврши со импресивни 286 јарди и две додавања за тачдаун, запре два напади на противникот, а имаше и истрчани 29 јарди и тачдаун.