Мајами откажан, АТП и ВТА го блокираат тенисот до мај?

20

АТП и ВТА се многу блиску до одлука за суспензија на сите тениски турнири до мај. Решението веројатно ќе биде донесено бидјеќи двете организации трпат силни притисоци од тенисрите и од тенисрките. Ако дојде потврда на ваквата одлука тоа ќе значи дека нема да има турнири се до Мастерсот во Мадрид кој во овој момент е предвидено да почне на 3.мај. Вчера беше донесена одлука и за одложување на финалето во ФЕД Купот во Будимпешта со оглед на одлуката на унгарската влада за забарана на настани со повеќе од 100 лица.

Организторите на Мастерсот во Мајами и натаму не соопштуваат одлука, но дел од семејствата и тимовите на тенисрите на социјалните мрежи информираа дека турнирот е одложен. Ако има привремна суспензија на сезоната тоа значи дека поркај Индијан Велс и Мајами нема да се одржат и АТП турнирите во Монте Карло и во Барселона како и ВТА турнирите во Чарлстон и во Штутгарт.

Сопствениците на турнирите кои не се осигурани за вакви ситуации ќе претрпат големи финансиски загуби, а откажувањето на турнирите ќе биде удар и за локалните економии. Загубата на заработувачката ќе биде голем удар и за понискорангираните тенисери и тенсерки.