Мајами по трет пат го победи Бостон и дојде на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)

10

Мајами Хит со 112:109 го победи Бостон Селтикс во четвртиот меч од серијата и дојде на триумф до пласман во големото НБА финале.

По поразот во претходниот меч, Мајами одигра многу подобро и дојде до третиот триумф против Бостон.

Мајами водеше во најголемиот дел од мечот, Бостон не дозволуваше противникот да се одлепи, постојано беше во игра, но на крајот го положи оружјето, загуби со 112:109.

Ѕвезда на вечерта беше Тајлер Хироу со 37 постигнати поени, Батлер реализираше 24, Драгиќ 22, одличен беше и Адебајо кој имаше дабл-дабл учинок, 20 поени и 12 скокови.

Во составот на Бостон, интересно беше што Тејтум по првите две четвртини немаше постигнато поени, а на крајот заврши како најефикасен во својот тим со 28 поени, Браун постигна 21, Вокер 20.