Мајли Сајрус: Не дувам веќе шест месеци

Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане…

19

Пејачката и глумица Мајли Сајрус, која, пред само неколку години се фалеше дека „секогаш е надувана“, сега тврди дека веќе шест месеци е без алкохол и дрога.

Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане…

–На почетокот, стануваше збор само за таа операција… Но, тогаш се осврнав на себе и на семејната историја околу трезвеноста. Јас почнав темелно да го истраувам тоа и открив дека овде има многу предизвици околу зависноста и психичкото здравје – вели таа во интервју за „Варајети“.

Така, Сајрус одлучила да остане трезна.

– Со разбирање на минатото, јасно ја разбираме и сегашноста и иднината. Мислам дека тоа е одлична терапија – додава таа.