Мбапе до ПСЖ: Не сакам да потпишам нов договор

6

Килијан Мбапе има уште една година од договорот со ПСЖ и нема намера да потпише нов, јавува „Лекип“.

Фудбалерот веќе ги известил челниците на клубот дека не ја гледа својата иднина во Париз. Тој наводно бил подготвен да ја испочитува и последната година од договорот, а следното лето да си замине како слободен агент.

Засега не е јасен одговорот на парижаните, кои веројатно би сакале да вратат добар дел од они 180 милиони евра кои ги платија на Монако за неговите услуги. Клубот има опција да го продаде ова лето, но веројатно по далеку пониска цена. Сепак и тоа е подобра опција отколку да си замине како слободен агент без обештетување следното лето.

Мбапе ја гледа својата иднина во друг клуб, а тоа најверојатно е Реал Мадрид.