МВР блиску до расветлување на нападот врз полицијата

66

Скопје, 25 Мај – Министерството за внатрешни работи заклучи со изјавите на сведоците и инволвираните во инцидентот од претходниот ден меѓу повеќе лица и началникот на полицијата во Бутел, Едмонд Муртезани, притоа појаснувајќи дека во случајот не се работи за соочување на Заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, Ариф Асани со полицаецот Муртезани.

Во полициска станица, изјава и признавање за „тепачката“ со Муртезани изјавил лицето М.Л., додека изјава за настанот дале уште неколку лица, сведоци на инцидентот. Извори на весникот КОХА велат дека заменик директорот на БСП, Асани ја придружувал својата ќерка на матурска вечер, додека инцидентот се случил надвор од ресторанот каде се одржувала забавата.

„Не се работи за недоразбирање или инцидент меѓу Ариф и Муртезан, туку меѓу овој последниот и други лица кои ја нападнале полицијата по вербална пресметка“, велат во МВР и додаваат дека лицата кои ја нападнале полицијата ја признаваа вината и инцидентот ќе биде целосно разоткриен во следните денови.