МВР: Забрана за собирања на отворен и во затворен простор за време на празниците

22

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека е забранета организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и на собирања на отворен и во затворен простор на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември во 2020 година до 21 јануари во 2021 година.

Од МВР информираат дека забраната е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година).

– Во насока на доследно и на целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници, информираат од МВР.