МВР за двојното убиство: Убиени двајца скопјани на 24 и 28 години, по убијците се трага

48

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово во 2:35 минути се случило двојно убиство во скопската Општина Чаир.

Според информацијата во билтенот, две лица на возраст 28 и 24 години од Скопје утрово се пронајдени мртви во автомобил по пријава дека дека на бул. „Македонско-косовска бригада“ во Скопје се слушнало пукање.

Пукањето било пријавено утрово во 2:35 часот во СВР Скопје, а полицијата на самото место пронашла патничко моторно возило „ситроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица без знаци на живот.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај двете лица, а на самото место се пронајдени чаури од пиштол и автоматска пушка, а лицата се идентификувани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово изјави дека се прави детална истрага за настанот и најави повеќе детали во текот на денот.