МВР за инцидентот со новинаската екипа на Ал Џезира

11

МВР информираше дека е приведен напаѓачот на новинарската екипа на „Ал Џезира“.

-На 09.09.2020 во 18.30 часот, М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок,велат од МВР.

Новинарката Милка Смилевска на Фејсбук информираше за инцидентот.

-Нè нападнаа со колегата снимател. Ми го турнаа микрофонот на земја додека снимав изјава, претходно ме прашаа дали сум од Ал Џезира и тоа беше повод за нападот, напиша Смилевска која е известувач од земјава за телевизијата.