МВР за 24 часа: 478 прекршоцни за неносење маска, издадени 366 решенија за изолација

7

Полицијата досега регистрирала 25 976 прекршоци за неносење маска, од кои 478 се во изминатото деноноќие, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие на 366 лица, пак, им се издадени решенија за изолација, а 9 граѓани потпишале изјави за самоизолација. МВР регистрирала и дека едно лице во изминатите 24 часа ја прекршило изолацијата.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат, пак, вели Чулев, во текот на изминатото деноноќие извршени се 80 контроли при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.