МВР: Идентификувани лицата кои учествуваа во палењето на бугарското знаме во Вевчани

15

Четири лица досега се повикани во полиција, во врска со случувањата на Вевчанскиот карневал. Тројца од нив биле идентификувани како учесници во палењето на знамето на Бугарија и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за повреда на угледот на странска држава.

„Три лица се идентификувани и повикани на информативен разговор, а кои се поврзани со палењето на знамето на Република Бугарија. Во координација со Јавен обвинител, ќе им биде поднесена кривична пријава по член 181, за повреда на угледот на странска држава. Во моментот се работи на документирање на случајот со цел поднесување на пријавата“, велат од МВР.

Казната за вакво дело е парична или затвор до три години.