МВР: Казни за 647 лица кои не носеле заштитна маска

10

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 647 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.