МВР на веб-страницата ги објави имињата на оние на кои не можат да им се достават прекршочни решенија

254

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци според Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Во прилог на листата се наведува дека овие лица во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение треба да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје-5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР – Сектор за прекршоци во населбата Лисиче за да ги подигнат решенија.

Во спротивно ќе се смета дека тие им се уредно доставени.