МВР: Сите пријави за поставени бомби се лажни

4

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се извршени проверки во сите училиштата кои денеска пријавиле дека по електронска пошта добиле пораки со закани за поставени експлозивни направи и информира дека  станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението на МВР.

Инаку, денеска 15 училишта пријавиле дека примиле порака во која е наведена закана за експлозија од поставена поставена бомба. За разлика од претходно, заканите утрово биле еден час порано, во 8.30 часот.

Повеќе од месец дена постојано главно исти училишта и тоа во иста смена, пријавуваат дека примиле закани за поставена бомба.

Во последно време заканите се проширени и кон некои основни училишта, поголеми трговски центгри, големи станбени објекти, а закана имаше и кон полициската станица Центар.