МВР: 361 лица казнети за неносење маски

30

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, полицијата изрекла 361 прекршочна казна за неносење маски.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19, се вели во соопштението.