Медведев: Порано или подоцна западните сојузи ќе престанат да постојат

11

 

Потпретседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека порано или подоцна сојузите на големите и силни западни земји ќе престанат да постојат.

„Веќе има доволно несогласувања дури и пред лицето на ‘заедничкиот непријател’, статус кој традиционално ѝ се доделува на Русија“, напиша Медведев во колумна за Руску газета.

Медведев потсети дека западните политичари се обидуваат „да го запленат рускиот имот без обвиненија или судски процеси, или едноставно да го украдат“.

Рускиот функционер оцени дека Западот ги уништува основните принципи на пазарната економија, без кои може да се заборави на развојот на партнерството, како и дека забраните и исклучоците од општоприфатените правила доведуваат до создавање на „сиви зони во светскиот пазар“, пренесува РИА Новости.

Коментирајќи ја економската ситуација во Европа, Медведев напиша дека „може само да сочувствува со граѓаните на ЕУ“.

„Не можете да го загреете домот со пароли за солидарност со Украина, не можете со нив да го наполните резервоарот на автомобилот. Како и обично, само САД се во релативна предност, додека граѓаните на Европа се соочуваат со сиромаштија и долгорочна неизвесност“, напиша меѓу другото Медведев.