Медведев против Тим е втората полуфинална двојка на УС Опен

17

Русинот и Австриецот ќе се борат за место во финалето откако ноќеска беа подобри од нивните противници во полуфиналето.

Даниил Медведев, кој лани беше финалист на УС Опен, оваа година игра феноменално на турнирот и до полуфиналето стигна без да изгуби ниту сет.

По перфектните победи над Делбонис, О’Конел, Волф и Тијафоу, синоќа прослави уште една победа од 3:0 овој пат совладувајќи го сонародникот Андреј Рубљов. Медведев по сетови победи со 7-6, 6-3 и 7-6 и тоа не дозволувајќи му ниту еден брејк на Рубљов.

За разлика од него, Доминик Тим далеку полесно оствари победа за полуфинале откако рутински славеше над младиот Австралиец Алекс де Мињаур и тоа со 6-1, 6-2 и 6-4 по сетови.

Медведев и Тим својата полуфинална пресметка ќе ја играат утре вечер во 22:00 часот по македонско време, а од истиот термин се среќаат и Пабло Карењо Буста и Александер Зверев. победниците ќе играат во големото финале.