„Медена земја“ меѓу 10 номинирани за Оскар

18

Десет странски филмови влегоа во потесниот список на остварувања кои се натпреваруваат за номинациите за Оскар. Меѓу десетте филмови е и македонскиот „Медена земја“. Во пошироката конкуренција имаше 91 филм.

Ова е прва година што Оскар ќе ја доделува наградата под ново име: најдобар меѓународен долгометражен филм. Категоријата претходно беше позната како најдобар филм на странски јазик. Номинациите за 92-те награди на Академијата за филм ќе бидат објавени на 13 јануари. Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе биде одржана на 9 февруари во Лос Анџелес.