Мексико го погоди земјотрес со јачина од 7 степени

5

Земјотрес со јачина од 7 степени денеска ја погоди областа 17 километри североисточно од Акапулко во мексиканската држава Гереро, соопшти американскиот геолошки завод УСГС.

Тоа предизвика тресење на зградите, а жителите истрчаа на улиците.

Според извештајот за цивилна заштита, земјотресот предизвикал одрон на камења и свлечишта што паднале на патиштата. Според сведоци, биле оштетиле и згради во Акапулко.

Градоначалничката на Мексико Клаудија Шејнбаум рече дека засега нема извештаи за голема штета во главниот град на државата.
Јачината на земјотресот прво беше измерена 7,4, а УСГС извести дека се работи за многу плиток земјотрес, 12,5 километри под површината на земјата, што го зголемило ефектот на тресење.