Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Божиќ (ВИДЕО)

23

Во духот на традицијата Меланија Трамп ја накити претседателската резиденција во Вашингтон по сопствен елитен вкус.

Пред неколку денови елката ја прими првата дама Меланија Трамп, а истата пристигна во украсена кочија влечена од коњи, со што продолжи божиќната традиција на Белата куќа.

Оваа година во Белата куќа доминира белата боја, а вклучени се и црвената и сината боја. Меланија ја презентираше декорацијата облечена во бело, со плетен фустан и долг мантил.

Може да се каже дека празничната сезона официјално започна во Белата куќа. За разлика од минатата година, претседателот Доналд Трамп не присуствуваше на презентацијата на елката.