Меркел бара пократка блокада во цела Германија

16

Германската канцеларка Ангела Меркел ги поддржа повиците за построги мерки на блокада на ниво на целата земја, потврди денес нејзината портпаролка Улрике Демер.

Би се работело за пократка национална блокада со цел спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус, рече Демер, додавајќи дека германскиот здравствен систем е под сè поголем притисок.

Имено, 16 германски сојузни покраини во моментов на сила имаат различни мерки, што „не придонесува за безбедноста и прифаќањето на мерките“, рече Демер.