Меркел – Германија има интерес НАТО да остане заедно

5

Германската канцеларка Ангела Меркел се стави во одбрана на НАТО по критиките на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Сојузот има „мочен удар“. Таа вели дека Германија сега има поголем интерес Алијансата да остане заедно, отколку што имала интерес за време на Студената војна.

Меркел рече дека НАТО во изминатите 70 години е „мерач на мирот и слободата“.

„Одржувањето на НАТО е во наш интерес, повеќе отколку што беше за време на Студената војна“, рече Меркел пред парламентот.

Макрон на почетокот на ноември во интервјуто за „Економист“ рече дека НАТО е во состојба на мозочен удар, а тоа се должи на помалото американско ангажирање и на однесувањето на Турција.

Меркел денеска во својот говор рече дека Турција беше „тежок партнер“ во НАТО, но дека земјата треба да остане членка на Алијансата, затоа што е од стратешко значење да биде дел од сојузот, затоа што Европа не може да се одбрани сама.

Меркел се заложи дека Германија ќе продолжи да ги зголемува трошоците за одбрана со цел да се достигне одвојувањето од 2 проценти од БДП-то до 2030.