Меркел омилена меѓу Германците, почитувана во светот: Канцеларката одбележа 15 години власт

5

Германската канцеларка, Ангела Меркел, одбележува 15 години од владеењето во Германија. Иако нема да се кандидира и за петти мандат, таа сега, во време на пандемијата на корона вирусот е уште поомилена во својата земја. Нејзината политика на „отворени врати“ за време на бегалската криза и ја разниша довербата, но Меркел во последнава година од своето владеење се покажува како лидер со силна жестина и челична волја, Европа да излезе од најголемата криза со која воопшто се соочува, а тоа е победа врз Ковид-19.

Меркел, освен што ја ужива наклонетоста од својот народ, светските лидери со нескриена почит и несебично дадоа низа епитети за нејзината личност и лидер кој зазема место на пиедесталот меѓу водечките луѓе во политиката.

Од нејзината партија, односно од коалицискиот блок ЦДУ/ЦСУ за неа велат дека таа е поддршка во бурни времиња и е пример за жените ширум светот.

Поранешниот француски претседател, Бернар Кушнер оценува дека Меркел е без сомнение најголемата политичка фигура во Европа, додека пак екс-премиерот на Франција, Жан-Марк Ајро за „Паризиен“ вели дека Меркeл е пример за „германски квалитет“.