Меркел рече дека е „среќна“ откако примила вакцина на Астразенека

33

Германската канцеларка Ангела Меркел ја прими својата прва доза од вакцината на Астразенека против ковид-19, само неколку дена откако нејзината влада се договори да стави нова граница на возраста за вакцината поради загриженост за згрутчување на крвта.

66-годишната канцеларка ја прими вакцината на британско-шведската компанија вчера во центарот за вакцинација на поранешниот аеродром Темпелхоф во Берлин.

Владиниот портпарол Штефен Зајберт ја објави нејзината изјава во која Меркел вели дека е „среќна“ што ја добила вакцината и им се заблагодари на сите што учествуваат во давањето на вакцините во Германија.

Вакцинацијата на Меркел се случи откако владите и државните министри за здравство во вторникот се договорија луѓето под 30-годишна возраст што својата прва доза вакцина ја примиле со Астразенека да добијат втора доза од друга вакцина.

Меркел може да се надева дека нејзината вакцинација ќе ја зајакне довербата на Германците во вакцината во Астразенека, која предизвика вознемиреност поради информациите за ризик од згрутчување на крвта.

Студија на Југов минатиот месец откри дека само една третина од Германците сметаат дека вакцината е безбедна, додека 55% сметаат дека не е безбедна.

Ова е голем пад од резултатите од една друга студија на британската фирма за аналитика, во која 43% рекле дека веруваат дека вакцината е безбедна, а 40% ја сметаат за небезбедна.