Меси го избра новиот клуб

17

Лионел Меси вчера предизвика фудбалски земјотрес со барањето да си замине од клубот во кој ја помина целата своја кариера, во кој е 17 години дел од првиот тим, Барселона.

Со тоа се остварија предвидувањата на медиумите кои објавуваа дека Аргентинецот е разочаран од се што се случува и повеќе не може да остане во Барселона, а сега експресно започнаа шпекулациите за неговиот иден клуб.

Каталонските медиуми објавија, а тоа го пренесоа сите шпански, дека Меси пред три дена му се јавил на својот поранешен тренер Пеп Гвардиола и го прашал дали Манчестер сити може да му овозможи нов „дом“. Меси го смета тренерот на „граѓаните“ за голем пријател и личност од доверба и го известил за својата ситуација и изразил желба да се дојде кај него во Премиер лигата.
Аргентинецот повторно сака да соработува со Гвардиола со кого работеше четири години во Барселона (2008-2012) и заедно освоија три шпански титули, два пати триумфираа во Лигата на шампионите и два пати во шпанскиот куп.