Меси го има вториот најдобар старт во една календарска година

9

Барселона одлично ја стартуваше 2021 година. Во трите натпревари кои ги одигра, каталонскиот гигант забележа три победи, и тоа сите на гостински терен. Победени беа Уеска со 1:0, Атлетик Билбао 3:2 и Гранада со убедливи 4:0.

Во сите три победи, предводник на теренот на Каталонците беше капитенот Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз не погоди против Уеска, но затоа во дуелите со Атлетик Билбао и Гранада, по двапати ја тресеше противничката мрежа.

Според статистиката која ја води Мундо Депортиво, Меси го има вториот најдобар старт на една календарска година. Со четири погодоци во три меча, само еднаш претходно се случило Аргентинецот да има подобар биланс во првите три натпревари од годината.

Тоа се случило во 2016 година, кога до 10 јануари таа година Меси имаше постигнато пет гола. Тогаш Меси одигра два меча против Еспањол (еден во првенството и еден во Купот), а еднаш играше и против Гранада. Во дуелот со Гранада, Меси даде хет-трик, а во двата меча со Еспањол билансот му беше два гола. Тоа значи дека во првите три средби од 2016 година Меси имал постигнато пет погодоци, односно еден повеќе од тоа како сега ја отвори 2021 година.