Меси донирал 1 милион евра за болница во Каталонија за борба против коронавирусот

10

Најдобриот светски фудбалер, асот на Басрелона Лионел Меси и донирал 1 милион евра на каталонска болница за борба против коронавирусот.

Извонредниот Аргентинец на тој начлин го продолжил трендот на своите колеги кои од сите страни на светот тргнаа со донации на разни адреси се со цел што побрзо да се победи опасниот вирус.

Меси одлучил да донира 1 милион евра за болница во Каталонија, пренесува „Мундо Депортиво“.

Шпанија во моментов се соочува со голем број на заболени од коронавирусот.