Меси е најплатен фудбалер, изненадување кај тренерите

6

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е фудбалер со најголеми месечни примања, соопшти франбцускиот весник „Лекип“.

Лионел Меси кој кон крајот на минатата година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, има месечна плата од неверојатни 8.3 милиони евра бруто. Платата на Меси е речиси двојно поголема од таа на Кристијано Роналдо во Јувентус. Португалецот има 4.5 милиони евра бруто месечна плата.

Веднаш зад нив се наоѓаа двоецот на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе. Бразлецот од францускиот тим добива плата од три милиони евра, додека Мбапе инкасира два милиони.

На листата се наоѓаат уште и Антоан Гризманб и Луис Суарез со по 2.9 милиони евра, Герет Бејл и Еден Азар со по 2.5 милиони евра.

Кај тренерите, изненадувачки на првото место се наоѓа стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Популарниот „Чоло“ има месечна плата од дури 3.6 милиони евра, а по него следат Пеп Гвардиола (Манчестер сити) со 1.94 милиони евра, Жозе Мурињо (Тотенхем, 1.46 милиони ежвра), Јирген Клоп (Ливерпул, 1.46 милиони евра), Зинедин Зидан (Реал Мадрид, 1.4 милиони евра) и Антонио Конте (Интер, 1.38 милиони евра).