Меси замина од одмор, има три недели да размисли за својата иднина

3

Ѕвездата на Барселона и на аргентинската репрезентација, изминатиот викенд конечно оствари голем успех со националниот тим, триумфира на Копа Америка, по што сега го чека најважната одлука ова лето, каде ќе ја продолжи својата кариера.

Аргентина во финалето на Копа Америка со 1:0 го совлада Бразил и ја освои првата титула по 28 години, а каталонскиот весник „Мундо депортиво“ пренесува дека Меси заедно со семејството замина на тринеделен одмор по кој ќе мора да ја донесе најважната одлука ова лето, каде ќе ја продолжи кариерата.

Договорот со Барселона му истече на 1. јули, клубот сака да потпише нов договор со Меси но поради катастрофалната финансиска состојба, не може да му понуди доволно добри услови. Весникот пишува дека преговорите со челниците на Барселона сè уште траат, а претседателот на клубот Жоан Лапорта се обидува да ја намали платата на Меси и тоа е главната пречка во постигнување на конечен договор.