Меси или Левандовски, дуел на „титаните“ за место меѓу најдобрите четири во Европа

6

Вечерва фудбалската јавност ќе биде целосно насочена кон спектаклот на „Да Луж“, каде што ќе се одигра најголемото дерби во четвртфиналето меѓу Барселона и Баерн Минхен.

Според многумина играта која ја прикажаа Баварците е доволна за да бидат благ фаворит на дуелот против шпанскиот тим. Сепак, никако не смее да се потцени Лионел Меси и неговите соиграчи.

Ханси Флик е можеби пред најголемиот тест во својата кариера откако ја презеде клупата од Нико Ковач, а на спротивната страна Кике Сетиен е на „тенок мраз“ со управата. Во редовите на Барселона ќе недостига Умтити кој е долго повреден, како и Тодибо кој има коронавирус, додека кај Баерн нема да игра само Бенџамин Павар.

Двата тима беа убедливи во реванш дуелите од осминафиналето и ги победија Наполи и Челзи со 3-1, односно 4-1. Последната меѓусебна пресметка на овие екипи беше во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2015 година, кога каталонците беа подобри со 6-2 во двомечот, а потоа ја освоија и титулата против Јувентус.

Сите очи ќе бидат вперени кон „пресметката“ на Меси и Левандовски, каде што Полјакот е во подобра форма и игра одлична сезона, но никогаш не се знае кога „волшебникот“ од Аргентина ќе блесне и со еден потег ќе реши натпревар.