Меси размислува на заминување од Барселона

Познатиот аргентински новинар Мартин Кастиља, кој работи за „ТНТ Спортс“ тврди дека Меси кој има уште една година од договорот со Барселона, сака да се проба во италијанскиот фудбал,за повторно на теренот да му биде противник на големиот ривал Кристијано Роналдо.

15

Кастиља пренесува дека Меси веќе ги започнал преговорите со италијанскиот гигант Интер, сино црните од Милано според него со сите сили се борат да ја затворат финансиската конструкција за овој сигурно рекорден трансфер.

Љубителите на добриот фудбал сигурно би биле презадоволни во иста лига повторно да ги гледаат дуелите на Меси и Роналдо.