Меси рекорден седми пат најдобар стрелец во Ла Лига

17

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, стана најдобар стрелец на фудбалскиот шампионатот на Шпанија, откако во штотуку завршената сезона 2019/20, постигна 25 погодоцои.

Ова е рекорден седми пат а четврти пат во низа како Аргентинецот го освојува трофејот „Пичичи“, награда за најефикасниот играч во лигата. Претходно Телмо Сара од Атлетик Билбао шест пати бил најдобар стрелец во Шпанија.

Покрај тоа, Меси стана и најдобриот асистент оваа сезона, поставувајќи го рекордот со 21 додавање по кое е постигнат гол.

На вечната листа на стрелци во Шпанија, овој резултат на победникот е најлош во последните 13 години. Во сезоната 2006/07, напаѓачот на Реал Мадрид Руд ван Нистелрој исто така постигна 25 голови, а најдобриот стрелец постигна помалку голови последен пат во 2003/04 година. Тогаш Кристијан Роналдо од Реал имаше 24 погодоци.