Меси сакаше да се тепа по победата на најтешкото гостување во свет (Видео)

86

Аргентина со 2:1 ја победија Боливија во Ла Паз, во меч на кој Аргентинците прекинаа една голема негативна низа. За Аргентина ова беше прва победа во последните 15 години на гостување кај Боливија. Натпреварите кои се играат во Ла Паз се можеби и најтешките гостувања во светот затоа што стадионот се наожа на 3600 метри надморска висина.

Низ годините наназад, кога Меси со Аргентина гостувал на овој терен, се случувало дури и да повраќа, а на Анхел ди Марија да му се дава боца со кислород. Синоќа Гаучосите одиграа одличен меч и за прв пат по 2005 година се радуваа на победа.

Боливија водеше со 1:0, но гостите собраа сили и направија целосен пресврт, па на крајот се радуваа. Победата е уште позначајна, ако се знае дека селекторот на Боливија Цезар Фаријас пред дуелот најавуваше дека неговите играчи сакаат да го „изедат џигерот на Аргентинците“. Сепак, гостите не само што не се уплашија туку и ги скротија Боливијците.

По завршување на дуелот малку фалеше да има и тепачка, а во главна улога беше Меси и Морено кој го даде голот за домаќините. Според пишувањата, по завршување на дуелот Меси го испровоцирал еден од домашните тренери Лукас Наво со зборовите „Е*и се. Кој ѓавол ти е кучкин сине“. Потоа настана мешаница во која се вклучи и Морено, но за среќа останатите кои беа на теренот спречија да има поголем инцидент.