Меси со поздрав до Касилјас: Беше спектакуларен голман, имавме убаво ривалство…

8

Лионел Меси се приклучи на бројните фудбалски асови кои испратија пораки до Икер Касилјас по објавата на легендарниот голман за крај на неговата кариера. Аргентинецот имаше бројни дуели со Касилјас на дерби-пресметките меѓу Барса и Реал, секогаш со максимална почит гледајќи кон Икер.

„Касилјас замина во пензија, но во историјата влезе уште одамна, не само како икона на шпанската лига, туку затоа што успеа да освои буквално се на меѓунардната сцена. Беше спектакулаен голман и беше многу тешко човек да те има за противник, но имавме убаво ривалство што и двајцата не тераше да играме над нашите можности, кога и да се сретневме“, му порача Меси на Касилјас.

Почитта е обострана, со оглед на фактот дека Икер го посочи токму Меси као најдобар напаѓач со кој се има сретнато во кариерата.

„Меси е без конкуренцијата најдобриот напаѓач против кого имам играно. Се имаме сретнато многу пати, во тој избор воопшто не се сомневам“, откри Касилјас.