Метаноиа и Џокерот

48

Зошто филм како “Џокер” и милиони луѓе биле под влијание на светот и на Балканот. Зошто луѓето без адреса се идентификуваат со еден тотален манијак и зошто на Балканот системот успеал да се пренесува толку често и граѓаните толку често се трансформирани, но без резултати Недостаток на цели и кога тие постојат се нереални и немаат никаква врска со градењето на суштината на издржливото и праведно општество, каде, без оглед на разликите, секој е сигурен!

Идро СЕФЕРИ

Еуфоријата на филмот „Џокер“ не е само на Балканот. Светот, за разлика од нас, сепак постигна некои животни стандарди и популизмот или другите и фатални политички идеи се последица на недостаток на намерата, но и да доаѓаат како резултат на хипер консумирањето на се што го знае современиот свет. Кога нема веќе, тогаш се прават експерименти. На Балканот е малку поинаку – секогаш се прават експерименти и никогаш немало еден финален производ – општество. Онака како што е направено со “Game of Thrones”, каде очајот за неочекуван крај го поттикна светот, филмот „Џокер“, го допрел светот во една слаба точка – во гневот и во идејата дека колку психопати ги направил системот, недостатокот на комуникацијата, на нормалните контакти и пред се за грижата. Психичките болести не се како срцев удар, но во главно даваат симптоми.

Сум прочитал многу оценувања, про-ет-контра,за филмот „Џокер“, кој започнува еден вид на желба за јавна одмазда против системот. Лично, мислам дека е интересен филм, но не сум обожавател на еуфорија и секако дека одбив да го гледам филмот “Ла-Ла Ланд”.Меѓутоа, кај филмот „Џокер“, кој секако е номиниран за Оскар, може да триумфира многу, гледам само овој дел: потребата на граѓаните што некој рече доста. Многумина мислат дека светот е всушност потенцијална социјална бомба. Но, на Балканот оваа бомба е контролирана и наместо на барањата за живот, граѓаните излегувале со знамиња да ги бранат „националните интереси“ на некои поединци.

На еден обичен протест, еден колега ми се приближува и ми вели: „До кога вака Идро. Јас веќе 30 години ги следам овие глупости“. На оваа изјава на почитуваниот српски колега кои работи за една светска новинска агенција, јас одговарам со прашање: „колку години имаш?“ Тој одговара дека има над 50 години. На тоа му одговарам: „не плачи, затоа што ти си имал најмалку 20 добри години“. Има и такви кои го напуштиле новинарството како професија, токму поради нивото на стресот, здодевноста, повторувањето и исцрпноста од истите лица кои веруваат дека веќе не се враќаат. Некогаш сум бил малку по оптимист за можноста за промената. Транзицијата изгледа како нешто уморно и досадно. Се во време се менувало и се трансформирало, како пред откривањето на анти-вирусот кој нешто дејствува, се трансформира, понекогаш вирусот се имунизира и многу бргу поради моќта за да создаде самоодбрана. Новата година помина и некако како во сон стигна далечната 2020 година. На Балканот, секако тој започна поинаку и со вообичаени конфузности и како за чудо, секогаш кога се случува нешто заморно, граѓаните се зачудуваат, како да не го доживеале никогаш јавното предавство на тие од кои очекуваат нешто. Така, некако отиде и спорот Србија – Црна Гора и на сцената на Балканот на конфликтите се додаде уште еден инцидент. Хрватите се радуваа малку, бидејќи на претседателската трка изгуби, Колинда Грабар-Китаровиќ и партијата ХДЗ. Грабар-Китаровиќ беше надеж како една жена која ги познаваше западните вредности, најмалку додека не ја научи програмската шема на Балканската политика под знамето на ЕУ. Уште малку и секој ќе се зачудува од нејзините изјави. Во Босна не се случи ништо ново, освен насилството врз имигрантите на границата со Хрватска, која негира дека ги тепала бегалците, им ги кршеле некој екстремитет, екраните на мобилните телефони и им ги земале парите, и покрај видеата во кои понекогаш тоа и се гледаше.

Во Србија беше потврдено за прв пат во историјата дека има помалку од 7 милиони жители. Белград, заедно со некои градови како Сараево, Приштина се најдоа на врвот на списокот на загадени места и до сугерирањата да не се излегува надвор без потреба. Како што рече еден сатиричар, „глобалното затоплување – те замрзува“.

Оваа недела се обидов длабоко да ги евоцирам некои спомени од независноста на Црна Гора, бидејќи во тоа време (2006), имав среќа да отидам во Подгорица и да известувам во еден текст како изгледа сега оваа држава. Но, го оставив. Размислив да напишам нешто за изборите, балканскиот Мини-Шенген или за некои други политички можности, потоа се премислив, дали да пишувам нешто за Еди Рама, или „политичкото потекло“ на изборите на Косово, за Агим, Лута или Албин, Иса или некој друг ?! Можеби сепак нешто за Хашим? Не, висењето!

Повеќето од земјите ќе имаат избори оваа година, Србија, Црна Гора и Босна, некои локални избори, но и во Македонија гласачите ќе имаат можност да го кажат својот збор. Меѓутоа, честопати дискусијата е во анализа на еден локален проблем, на политичар или политичка партија. Нештата се сменија на Балканот и се трансформирани од аморфна состојба во друга, но не во соодветна и крајна состојба. Во нивната форма.

И како е формата на општествата на Балканот и дали се меѓу соседските проблеми, единствен проблем за граѓаните или сепак тука има еден политички застој што сепак е поврзан со архаичните личности на владеењето?

Честопати сум пишувал дека секоја нација на Балканот е составена од два народа кои етнички можат да бидат дел од една нација, но во принцип немаат многу заедничко. На пример, имаме такви кои ја мразат корупцијата и тие што ја сакаат, тие што го мразат фактот дека државните услуги не се еднакви за сите, а тие кои го наоѓаат себеси во можностите за нивно користење. Но, дали се половина крадци на власта и другата половина крадци што чекаат да се искачат на власт?! Тоа е прашање што те вознемирува. Дали треба да се сакаме или просто взаемно да веруваме? Балканците навистина веќе 30 години живеат во политичките урнатини и засрамени низ целиот свет со министри кои ниту својот јазик не го знаат, а камоли странски јазици. Ние се гордееме само со дијаспората која постигнува успеси, и тие ги пцујат. Но, зошто истите луѓе надвор се успешни, сигурно немаат трансформиран образовен систем на образование од агрегатно во друго, туку развоен систем кој мисли подолго од неколку минути. Се разбира, дека политиката станала една од најгнасни системи во светот, токму затоа што како професија треба да служи во администрација на граѓаните и давање на можности таму каде тие немаат личен успех. Државата е систем што им помага на тие кои немаат борбен дух за да ја најдат посакуваното место. Но, кај Балканците, случајот е друг и секој индивидуален успех е случаен и како последица на силите и стресот предизвикан со години.

Зошто системот не може да помогне? Хиените и „спин докторите“ постојат во секое поле и напред „ја избришале“ тие чија единствен декларативен цел го имаат и се служат со национализми за да им дадат на граѓаните причина дека некој друг е виновен за нивниот тежок живот.
Се разбира, дека политиката се одвива со интереси, но на сцена има некои луѓе како народна гангрена и тешко дека ќе се менува нешто наскоро. Каде стигнува оваа маса и како? Некаде со уцена и некаде поради еуфоријата и ниската граѓанска свест, што се уште трча зад симболите и удира на гради без пари за политичките лидери кои во еднаква дебата би можеле да го поразува секој. Честопати гледам дека кога политичарите прават некои виц, сите се смеат и се возбудуваат, како да го сфатија дека тоа личност не е робот. Ние ја знаеме вистината, најмногу, но проблемот е дека фактите ги чува некој друг. За позначаен живот овде, е многу неопходно промена во главите, бидејќи граѓанското општество и тие за кои сме верувале дека имаат намера, ја покажале спротивното. Свесната личност не можеш да го измамиш стотици пати. Метаноиа, во главно како израз се користи кај христијаните во однос на длабоко покајание, но значењето на зборот доаѓа од грчкиот јазик и значи – после свеста и што значи еден вид на тотална преобразба на срцето, душата и умот. Промената, во по филозофскиот аспект, се предвидува не само како одлука, извинување, туку и од начинот на промената што води кон пренасочувањето. Тоа што политиката на Балканот и транзицијата ја направија е промена на животот во непознат правец. Реформата или трансформацијата е процес што има позната цел.

Ако се поставува прашањето, колку години од вашиот животот ги памтите како нормални и колку од процесите и страдањата на Балканците се колатерална штета и не реална невозможност? Метаноиа на Балканот е нешто неопходно.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)