Метин Батак назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија

17

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Метин Батак за Генерален директор, ефективно од 1 октомври 2020. Алпер Ерсој ќе ја напушти позицијата на генерален директор и ќе биде назначен за генерален директор на ТАВ Грузија, компанија која управува со аеродромите Тбилиси и Батуми.

„За време на мојот мандат во ТАВ Македонија, успеавме тројно да ги зголемиме бројките на патници на двата македонски аеродрома. Заедно со нашиот извонреден тим на вработени и блиската соработка со сите чинители во авиосообраќајот, продолживме во поставувањето на македонските аеродроми како водечки центар на Балканот, обезбедувајќи одлично патничко искуство. Иако ќе ми недостига времето поминато во Македонија, сигурен сум дека аеродромите во Скопје и Охрид ќе продолжат со напредокот, притоа придонесувајќи многу за развојот на земјата,“ изјави Алпер Ерсој.