Меџити: ДУИ ќе раководи со Уставна комисија, здравство и Европски прашања или образование

63

Деновиве треба да се закаже собраниската седница за формирање на работните тела, рече координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити. Тој сепак потврди дека се уште нема договор околу Комисијата за европски прашања.

„ДУИ ќе раководи со три комисии и тоа знаеме дека согласно надлежноста претседателот на Собранието ја води Уставната комисија, ќе раководиме исто така со здравство и дилемата е дали ДУИ ќе раководи со Европски прашања или образование“, изјави Меџити.

Тој вели дека нема проблеми во договорот за комисиите и вели дека се ќе се реши деновиве.