Меџит Незири повеќе не е играч на Шкендија

23

 

ФК Шкендија му се заблагодари на Меџит Незири (32) за придонесот во тетовскиот „црвено-црн“ дрес. Десниот бек повеќе нема да биде дел од Шкендија во продолжението од првенството. Клубот и играчот спогодбено ја прекинаа соработкат.

Одигра важна улога во Шкендија, но плановите на клубот за иднината и тврдењата на играчот за поголема минутажа доведоа до заклучок дека во овој момент разделбата е во корист на двете страни.

Незири беше дел од тимот речиси седум сезони во кои забележа 155 официјални настапи (134 натпревари во првенството, осум во Купот и 13 во европските купови).

Со „црвено-црните“ успеа да освои три трофеи, два во првенството (2010/2011 и 2020/2021) и еден Суперкуп (2011).

Воедно ќе остане запаметен како дел од златната генерација која во 2011 година ја освои првата шампионска титула во историјата на клубот, и што дебитираше во европските купови.