Миа Блажевска – Еминова со 15 години наша олимпијка во Токио!

5

Една од најталентираните македонски спортиските Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде македонска претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио 2020!

„Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање. Мораме да признаеме дека нешата пливачка надеж е вистинска рекордерка!“ – информираат од Македонскиот олимписки комитет.

Блажевска – Еминова е предложена од МОК за настап на ЛОИ во Токио, но веќе и официјално поддржана и од Светската пливачка федерација (ФИНА).