Мигранти биле затворени во приколка на 40 степени – 46 починаа

8

Најмалку 46 мигранти се пронајдени во приколка во Сан Антонио во Тексас, во еден од досега најсмртоносните инциденти во криумчарењето луѓе по должина на американско-мексиканската граница, јавија тамошните власти.

Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 луѓе се најдени во приколката, а пренесени се во болница поради топлински удар и исцрпеност, меѓу кои и четворица малолетници. Тие биле жешки на допир и се наоѓаат во тешка состојба, пренесе Би-би-си.

Приколката била паркирана на пат и по дојава до неа дошле пожарникари и полицајци. Се чини дека криумчарите кога сфатиле што се случило побегнале и ги оставиле во камионот на пат.

Без вода

Како што велие ден пожарникар во приколката немало ни вода, ниту пак имало клима.

„Преживеаните кои ги најдовме беа жешки на допир, доќивеале топлински удар, беа видно исцрпени, како исцедени. Во возилото немаше никакви траги од вода, ниту имаше каков и да е уред за разладување“, вели тој.

„Вакво нешто не смеело да се случи. Никој не доаѓа на работо со помисла дека такво нешто може да се случи. Не, не би требало да отвриме камион и да видиме куп мртви тела“, додава.

„Тие луѓе имаат семејства… И верројатно се обидувале да пронајдат подобар живот. Ова е ужасна човечка трагедија“, вели градоначалникот на Сан Антонио, Рон Нирнберг.

Тројца се уапсени

Властите велат дека тројца се во притвор по инцидентот.

Камионот со мигранти е најден покрај железничка пруга во оддалечено подрачје на јужната периферија на градот.