Милан го загуби капитенот до крајот на сезоната

26

Милан е во извонредна форма и синоќа запиша уште една победа на гостувањето кај Сасуоло, па се искачи на 5-то место на табелата.

Сепак, победата остави горчлив вкус поради повредата на капитенот Алесио Ромањоли, кој предвреме го заврши мечот.

Дефанзивецот заработи мускулна повреда, а после мечот Пиоли потврди дека нема да може да се врати до крајот на сезоната, односно за преостанатите три меча.

„Ромањоли се здоби со повреда на мускулот што најверојатно го отпишува за мечевите до крајот на сезоната. Жал ми е за тоа затоа што добро играме и Алесио со голем квалитет ја играше секоја минута во сезоната“, изјави Пиоли.

Милан до крајот на сезоната игра против Аталанта, Сампдорија и Каљари, па ова ќе биде голем хендикеп за „росонерите“.