Милевски: Во Битола нема да се гради регионална депонија

6

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на својот фејсбук статус ги демантираше претходните пишувања,во кои се вели дека регионалната депонија ќе се гради во Битола, наместо во Дебарца.

„Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните. Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола. Депонијата од Југозападниот регион мора да биде во тој регион. Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање“, се вели во објавата.