Милевски: Очекувам успешен старт во квалификациите за ЕП

2

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е претпазлив пред утрешниот натпревар од квалификациите за Еуро 2024 со Малта и покрај тоа што „црвено-жолтите“ на хартија се големи фаворити.

– Анализите што ги правевме се од нивните четири последни натпревари, но имаат нов селектор и не значи дека ќе играат така. Малта е квалитетна селекција која заслужува респект. Што се однесува до нашата репрезентација, очекувам успешен старт на овој квалификациски циклус за кој подолго време се подготвуваме. Денес во фудбалот фаворити нема, но се што ќе се случува на утрешниот натпревар ќе зависи само од нас. Во Лигата на нации имавме проблем со реализацијата и мора да се подобриме во овој елемент.

Натпреварот ќе се игра утревечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски информираше дека за овој и за натпреварот со Фарски Острови в понеделник, нема да може да смета на повредениот Доријан Бабунски.