Милиони Аргентинци го преплавија Буенос Аирес за парадата на трофејот

8

Фудбалската репрезентација на Аргентина го освои светскиот трон на Мундијалот во Катар. Бидејќи се работи за навистина фудбалска нација, сцените од оваа земја не треба да изенадуваат. Откако во текот на минатата ноќ пристигнаа во родната земја, денес светските шампиони парадираа по улиците на Буенос Аирес со трофејот.

На оваа парада беше видена веројатно рекордна посетеност. Според информациите, пристигнале околу четири милиони Аргентинци да ги поздрават хероите кои гордо се возеа на отворениот автобус во главниот град. Фотографиите и видеата се неверојатно, река народ го препави Буенос Аирес и понуди сцени какви што се можни веројатно само во Јужна Америка.

Аргентинците долго чекаа на овој трофеј, а овојпат на местото на Диего Марадона, херојството го изведе Лионел Меси со освојувањето на последната титула која му недостигаше во богатата кариера.