Милошоски: ВРЕМЕ Е ЗА ОСТАВКИ, здравствениот систем може да колабира

8

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски потсети како СДСМ бараше оставка од Наќе Чулев кога имаше 2-3 смртни случаи на ден, а сега на 22 починати, не бараат оставка ниту од Оливер Спасовски, ниту од Венко Филипче.

– СДСМ пред изборите бараше одговорност и оставка од Наќе Чулев (МВР), за кого тврдеа дека е крив што дневно имаше по 30-40 новозаразени и по 2-3 починати пациенти од Ковид19.

Денес Заев молчи за МВР, и кога во еден ден имаме вознемирувачки 560 новозаразени и за жал трагични бројки од 22 починати наши сограѓани дневно.

Сега СДСМ за лошото менаџирање на Ковид19 пандемијата не бара ни одговорност, ни оставки од МВР Оливер Спасовски, ниту од министерот за здравство Филипче.

Дури ни кога се организира погреб на Ковид-позитивен коалиционен партнер на Заев, со 300 присутни и со полициска придружба.

Но, ситуацијата не е под контрола.

Народот е загрижен, здравствениот систем може да колабира. Затоа веќе не е време за хипокризија, време е за оставки!